Сегашните промени во начинот на живот – од прилагодувањето на работењето од дома, до распределбата на професионалното и приватното време, можат да бидат особено тешки во овој период на наметната само-изолација поради спречување на ширењето на коронавирусот. Со цел справување со негативните последици од ваквите клучни промени во нашиот живот, ЦЕЕД Клуб за жени претприемачи и менаџери - Women in Adria, Ве кани на онлајн средба со психолог Деспина Стојановска, сертифициран системски и семеен психотерапевт и професионален обучувач, во понеделник, 27.04.2020 год, од 13Ч до 14:30ч.
🗓
Датум: понеделник, 27.04.2020 год
⏱
Време: од 13Ч до 14:30ч
На настанот, Стојановска ќе зборува за негативните чувства што можат да се јават во вакви вонредни ситуации, но и за практичните начини што можеме да ги примениме за полесно да ги поднесеме промените. За поуспешно да ги осознаеме емоционалните состојби со кои се соочуваме, како што се контактот со себеси или соочување со минато искуство, во текот на настанот ќе имате можност да учествувате и во практични вежби, а на крајот ќе можете да поставите прашања за она што Ве интересира.